Адел и нејзиниот поранешен сопруг изненадија со нова вест

16 мај, 20200
adel 0

Една од најпопуларните пејачки во светот, 32-годишната Адел неодамна го привлече вниманието на јавноста и медиумите со својот изглед, односно нејзиното драстично слабеење, кое остави многумина без здив. Сепак, светските медиуми сега објавија за нејзината врска со нејзиниот поранешен сопруг, 46-годишниот Симон Конецки. Ги нарекуваат “најпријателската поранешна двојка на светот”, поради фактот што поранешните сопружници, чиј развод не беше “најблаг“, сега живеат – на истата улица, пишува Mirror.

Имено, се претпоставува дека Адел и Симон решиле да живеат „врата од врата“ затоа што веруваат дека така е најдобро нивниот седумгодишен син Ангел да порасне близу мајка и татко. На тој начин, пишуваат споменатите медиуми, тие можат да го поддржат, но и почесто да го гледаат. Интересно е што само неколку месеци пред тие јавно да го објават крајот на нивната врска, Адел на својот поранешен сопруг му подари  куќа во Лос Анџелес, каде и сега живее.

„Обајцата прават сé за да ја олеснат целата ситуација и да ја направат што е можно понормална и побезболна за својот син. Анџело е нивниот центар на светот. Адел особено ужива во улогата на мајка и останувањето дома поради коронавирусот не беше тешко за неа. Му помага на малиот со своите училишни обврски, готви за него и тие уживаат во играта заедно “, рече извор близок на поранешната двојка.

Потсетуваме, Адел и Симон започнаа врска во 2011та година, но не откриваа детали од нивниот приватен живот за јавноста. Покрај тоа, тие не потврдуваа официјално дека се во брак, но гласините на крајот се покажаа вистина кога беа забележани со венчален прстен. Судното „да“ беше речено во тајност во 2016та година, а Адел му се заблагодари на својот сопруг на 59. доделување на Греми наградите и со тоа официјално потврди дека тие се во брак. Сепак, минатата година тие јавно објавија дека нивната љубов завршила.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi