Андреа Бочели има убави, згодни и успешни сонови! Поради едниот ниту Џенифер Лопез не остана имуна, еве како изгледаат!
Андреа Бочели, италијанскиот тенор кој вчера одржа концерт во катедралата Дуомо во Милано на католичкиот Велигден, наречен „Музика за надеж“ има два сина – Метео Бочели (21) и Амос Бочели (25) и не се знае кој е поубав. Двајцата синови се од првиот брак на Бочели со сопругата Енрика Цензати, и двајцата од таткото го наследиле шармот, убавината и како и генот за успех и амбиција.
Матео Бочели ги следи стапките на татко му, па така знаедно го снимија дуетот „Fall on Me“ каде пее на англиски јазик, a Андреа на италијански јазик.
Тој е исто така се занимава и со манекенство, па во една прилика позирал и со Џенифер Лопез, и се зборуваше дека не останала имуна на неговата убавина, а на снимањето таа му давала комплименти од кои секој би поцрвенел.
– Технички нашите гласови се многу различни, но една работа ги прави рамноправни, а тоа е ставот. Карактеристичниот начин на изразување додека пееме е нешто што не можете да го научите. Родени сте со тоа “, објасни Андреа во една прилика.
Матео има и постар брат, Амос, кој исто така е во спотот и свири на пијано во песните „I am Here“ и „Ali di Libertà“. И додека неговиот помлад брат се пробива во манекенските и пејачки води, тој по професија е инженер и е познат по тоа што е голем љубител на животни и екстремни спортови.
Потсетуваме, Андреа со втората сопруга, Вероника Берти е во брак со години и ја имаат шестгодишната ќерка Вирџинија.