Беби Дол и Масимо Савиќ биле во бурна врска, а сега не разговараат!

24 април, 2020
bebi dol

Беби Дол секогаш привлекува внимание каде и да се појави, а така е и кога станува збор за нејзиниот љубовен живот. Таа во осумдесетите години била во врска со Масимо Савиќ, но ниту еден од нив двајца не сака да зборува повеќе за таа врска.

Како изгледала таа љубов, можеме само да замислиме од ретките изјави на Масимо Савиќ, но и од видеото на кое заедно пеат “Сонце сјае, трева мириса”.

– Беше упорен и еднаш на аеродром ме дочека со цвеќе. Тогаш започна сè- открила во една прилика Беби.

– Тоа беше едно многу весело друштво, околу десет луѓе. И бевме многу луди, сите десетмина. Секогаш имаше пари, не е важно кој ги заработил. Живеевме на многу висока нога сè до војната. Живеевме интензивно, убаво, возбудливо, авантуристички. И тогаш расипавме сè. Комуникацијата престана комплетно, животот оди понатаму и тоа е тоа- раскажал Масимо во едно интервју.

Причините за раскинувањето никој никогаш не ги разбрал

– Не можевме да се договориме каде ќе живееме. Дали во Истра, Загреб или Белград- открила Беби Дол.