Бекам и Никола ќе се венчаат во Италија, а ќе им готви Рамзи!

21 јули, 20200
nikola

Откако на почетокот на овој месец тој и купи прстен за свршувачката вреден 350 000 фунти Бруклин Бекам (21) и американската актерка Никола Пелц (25) ја откриваат локацијата на свадбата. Тоа ќе биде во Борго Игназија во италијанскиот јужен регион Пуглиа, во близина на градот Фасана.Тоа е луксузен хотел и комплекс на вили за изнајмување. Веќе е познато дека за храната за гостите ќе се погрижи славниот готвач Гордон Ремзи, кој е инаку пријател на Дејвид и Викторија Бекам.

„Семејствата се блиски пријатели и Бруклин е голем поборник за кујната на Ремзи, па има смисла дека тој ги сака неговите јадења и на неговата венчавка“, рече извор близок на семејството Бекам.

Патем, во луксузно италијанско одморалиште, ваквите свадби обично чинат и до 3.000.000 фунти.

Бидејќи семејството Бекам деновиве го обиколи местото со невестата, Викторија им рече на младенците:

-“Ова е ваш ден и ние сакаме да го направиме посебен, така како што вие сакате.”

Хотелот има две приватни плажи, спа и дворец. Ако изнајмат хотел, можат да поканат и до 400 гости. Тоа многумина ги потсети на гламурозната свадба што ја имаа Пош и Бекс кои тогаш потрошија околу половина милион фунти и тоа беше една од најатрактивните свадби од 90-тите години.

Познатите родители им помагаат и на Бруклин и Никол за да го најдат својот иден дом. Средствата на семејсвото Бекам се проценуваат на околу 62,000,000 фунти, а деловната империја вреди околу 370 000 000 фунти или околу 3 милијарди фунти.  Таткото на Никол е бизнисмен и милијардер. Иако таа ќе помине многу време во Америка поради обврските на Никол, Бруклин исто така сака база во Лондон, а славните родители наводно ќе им дадат куќа како подарок за венчавката.Се верува дека Бруклин и Никол ќе стапат во брак според еврејските обичаи бидејќи дедото на Бруклин и таткото на Никол се евреи.

 Семејните пријатели велат:

– “Никол порасна во еврејско семејство, иако нејзината мајка Клаудија не е еврејка, но нејзиниот татко е многу побожен. Тој ги воспита своите деца да ги ценат еврејските вредности. Затоа, Бруклин се согласи на еврејска свадба. Свадбата нема да биде православна или премногу религиозна, но обредот ќе има традиционални елементи.”

Патем, целото семејство Бекам деновиве престојува во Италија, и тие гостуваат на луксузна јахта на која е виден и кумот на Бруклин, Сер Етон Џон. Родителите на Никола се малку помалку познати во очите на јавноста. Нејзиниот татко е менаџер на инвестициски фондови Нелсон Пелц (72), а мајката, Клаудија Хефнер (65) е поранешна манекенка. И тие понудија да ги платат свадбените трошоци иако Бруклин и Никол се запознаа само пред девет месеци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi