„Бог е жена“: Џеј Ло ги воодушеви своите следбеници со фотографија без шминка и неуредна коса

17 мај, 2020
jennifer

Џенифер Лопез на својот Инстаграм профил објави фотографии од теретана и покажа завидна линија во спортското издание.

„Ако тоа не ти претставува предизвик, нема ни да те промени“, напишала 50-годишната пејачка под фотографијата на која позира без шминка и косата врзана во неуредна пунџа.

Обавата собра над два милиони лајкови за само неколку часа.„Предизвикот е прифатен“, „Бог е жена и нејзиното име е Џеј. Ло“, „Морам да вежбам со вас и да се вратам во форма“, коментираа следбениците.

Пејачката е позната по својата дисциплина и строги режими кога станува збор за вежбање и здрава исхрана, а нејзиниот готвач неодамна откри што самата си забранила.