Богатиот актер кој се тестираше преку ред има идеја која нема да им се допаѓа на сите

22 април, 20200
korona

Идрис Елба верува дека светот треба да се става во карантин секоја година за да се сеќава на пандемијата на коронавирусот.

Актерот неодамна се опорави од коронавирусот заедно со неговата сопруга Сабрина Ел и ја опиша болеста како дефинитивно застрашувачка. Тој исто така верува дека пандемијата треба да се памети секоја година откако ќе заврши глобалната здравствена криза.

„Знаете, сите ние се справуваме со ова на свој начин, но дефинитивно ова беше целосен пресврт. Мислам дека светот треба да поминува една недела во карантин секоја година само за да се сеќава на овој пат. Да се сетиме едни на други, тоа го прават и другите врсти и тоа се вика хибернација. Ве потсетува дека светот не зависи од вас“, изјави тој за Associated Press.

Идрис и Сабрина се во Њу Мексико, каде актерот работел на проект пред да бидат затворени границите. Тие биле принудени да го пропуштат шестиот роденден на нивниот син Винстон, но се надеваат дека наскоро ќе можат да фатат лет за Лондон.

Актерот и неговата сопруга се прогласени за амбасадори на ООН, кои работат на намалување на влијанието на Ковид-19 врз земјоделците и производителите на храна во руралните области.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi