Бритни наполни 39 години: Како од ”моќна принцеза” дојде до степен да нема контрола над својот живот!?

3 декември, 2020
britney-spears-jayden-james-federline-830x0


Бритни го слави својот 39-ти роденден, а наскоро можеби и разрешувањето на Џејми Спирс како нејзин старател?
Американската пејачка Бритни Спирс (39) денес, 2 декември 2020 година, го слави својот 39 роденден.

Имено, Бритни си посака среќа на фотографијата на која позира со своето 13-годишно помладо момче Сем Ашгари (26).

Во вторникот, победничката на Греми си посака себе си среќен роденден објавувајќи две фотографии на социјалната мрежа Инстаграм, а фановите и честитаа во коментарите, иако некои од нив сепак ја изразуваат својата загриженост и тврдат дека „поп принцезата“ не управува со своите профили на социјалните мрежи.

Поп-sвездата, која со години беше во неволја, може да се пофали со вкупно 131 милиони следбеници на социјалните мрежи, додека на Инстаграм има скоро 27 милиони обожаватели.


Таа собра над милион лајкови на овие две фотографии, а на сите им се допадна фотографијата на која Сем ја бакнува во образ, додека деколтето е во прв план.

По тој повод, таа носеше бел топ и панталони, црн чокер околу вратот, а Сем носеше маица без ракави и се шегуваше како да ја дави на фотографијата, што фановите не го прифатија добро, бидејќи сметаат дека тој е еден од луѓето кој и забранува да живее како што сака, но Бритни изгледа многу заљубена во младото момче.

Инаку, Бритни неодамна направи важен чекор во правната битка во врска со нејзиното старателство, со кој во моментов управуваат нејзиниот татко Џејми Спирс (68) и новоименуваната „”Bessemer Trust Company”.

39-годишната поп принцеза сака компанијата да биде нејзин единствен чувар, според судските документи што неодамна ги добија странските медиуми.

Оваа желба, доколку биде одобрена, ќе го отстрани нејзиниот татко Џејмс Сприрс од функцијата старател што ја извршуваше од 2008 година, освен во периодот кога тој привремено ја напушти функцијата поради лошата здравствена состојба во 2019 година.

Овој последен правен потег беше поттикнат од поранешната компанија на Бритни за управување со имот, недвижнини и пари, “Tristar Sports and Entertaiment”, која поднесе оставка без претходно известување, а адвокатот на Бритни, Самуел Ингам, преку писмо го дозна на 28 октомври оваа година.

Адвокатот на Бритни оцени дека ова е обид на Џејми да одржи целосна контрола врз имотот, книгите и евиденцијата на Бритни, и покрај приговорите на Бритни.

Ингам сега сака да го суспендира Џејми во име на Бритни од улогата на старател веднаш по назначувањето на “Bessemer Trust” и оваа компанија да остане нејзин единствен старател. Фановите со нетрпение го очекуваат крајот на оваа правна ситуација, која ја чини Бритни да има слободен живот.

escort - Korsan taksi