Целосно опуштено: Познатата манекенка се соблече топлес додека уживаше во викендот со својот млад сопруг
18 мај, 20200
„Викенд е“, напиша манекенката Хајди Клум во описот на серијата фотографии што ги објави на Инстаграм.
Хајди и Том уживаа во приватноста овој викенд, но музичарот и неговата убава сопруга не ги лишија обожавателите од сочни детали.
Хајди и Том ја прославија својата прва брачна годишнина во февруари годинава, а судејќи според многуте фотографии што ги објавуваат на социјалните медиуми, уживаат во брачна идила. Манекенката од нејзиниот брак со поранешниот сопруг Сил има четири деца.