Деми Ловато фатена со новиот дечко: После подолго време излезе средена од глава до пети

23 јуни, 20200
Capture 2

Пејачката баш се скоцкала за излегувањето со момчето, со кое е многу среќна

Американската пејачка Деми Ловато (27) е фотографирана во прошетка со новото момче Макс Ерик (28) додека оделе на романтична вечера во Малибу. Наиме, пејачката веќе некое време ужива во новата љубов со глумецот Макс, со кој поминуваше доста време и за време на карантинот , а парот сега одлучи да го искористи попуштањето на мерките во САД и се упатија во ноќно излегување.

Заштитната маска за лице е и понатаму задолжителна при напуштање на домот, па двајцата се придржуваа кон тоа правило.  

Деми скоро сето време во изолација го помина во костим за капење и без шминка на лицето, па веќе подолго време никој не ја видел средена и нашминкана. За специјалната прилика облече краток фустан преку кој носеше црн огртач, додека на нозете имаше сандали на штикла. Во раката имаше мала чанта, додека преку лицето носеше шарена заштитна маска за лице.

Го привлече вниманието на минувачите во Лос Анџелес, иако имаше маска преку лицето тие ја препознаа. Макс носеше карирани пантолони, бела маица со принт и црна кожна јакна. Тој исто така имаше заштитна маска на лицето во црна боја, додека на нозете имаше длабоки црни, кожни чизми.

Demi Lovato and Max Ehrich Enjoy Date Night in Malibu, Plus ...

Не ја крие својата љубов кон новото момче, па неодамна на инстаграм напиша:

– Сега ги поминувам деновите во костим за капење, без шминка со некој кој ме прифаќа и цени заради тоа што сум, со сите мои мани и се. Те сакам, Макс.

Ни Деми ни Макс не кријат колку се заљубени, а таа често споделува заеднички фотографии и снимки. Обожавателите се пресреќни за пејачката бидејќи во последните неколку години за неа беа тежок период, особено после долгата и тешка борба со зависноста од наркотици и пореметувањето во исхраната.

Во 2018 година таа се предозира и за малку ќе умреше, но сега лошиот период е зад неа, а таа се опорави, како физички, така и ментално.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi