ЏАСТИН БИБЕР Е ОЧАЕН „Хејли не може повеќе, сака пауза од бракот“

16 јули, 2020
biber

Поминаа скоро две години откако 26-годишниот музичар Џастин Бибер тајно се ожени со 23-годишната манекенка Хејли Болдвин Бибер. Оттогаш, во јавноста има сомневања дека ова младо дуо е несреќно и дека има можност да се случи развод. Според најновите информации, Хејли наводно побарала од Џастин да  земе време секој за себе и да земат малку здив од бракот затоа што и треба простор и пауза, пишува Gossip Cop.

До сега, тие секогаш се појавуваа заедно, па се претпоставува дека биле неразделни во приватноста, што очигледно довело до заситеност. Tокму заради недоволното време што го поминуваат одвоено, се појавил голем проблем во бракот. Имено, самиот факт што неговата сопруга се заситила од  него, му падна тешко на пејачот, па, како што пишуваат странските медиуми, тој станал уште понапорен и наметлив. Додека Хејли се бори да го одржи својот брак и го толерира младиот пејак кој се чини дека веќе опасно ‘и оди по нервите’, се појавија обвиненија дека пејачот силувал девојка под лажно име на социјалните медиуми, Даниела.

View this post on Instagram

went on a road trip pt. 2 🤍

A post shared by Hailey Baldwin Bieber (@haileybieber) on