Џенифер и Бред проаѓаат низ емотивен период!

29 јули, 20200
bred i jennifer

Ѕвездата на хит серијата „Пријатели“, 51-годишната американска актерка Џенифер Анистон не е позната само по улогата на згодната Рејчел, туку и по нејзиниот никогаш непрежален брак со Бред Пит. Точно на овој ден, ако двојката останеше во брак, тие би славеле 20-годишнина од нивниот брак, пишува Gossip Cop.

Со разводот на 45-годишната актерка Анџелина Џоли и 56-годишниот Бред Пит, саканите поранешни сопружници добија шанса конечно да се смират и да се обидат да го надоместат изгубеното време. Точно на денешен ден, пред 20 години, волшебната двојка го рече „судбоносното да“ , а дека сеуште се „слаба точка“ еден кон друг, е очигледно и ден денеска.

Jennifer aniston

После повеќе од две децении, се појавија гласини дека холивудскиот заводник и обожаваната русокоса е можно да се смират. Според странските медиуми, тие го чекале совршениот момент за да може да ја споделат љубовта еден со друг , а сега никој не стои на нивниот пат. Сепак, иако веќе некое време кружат гласини за тоа како парот се смирил, и дека Џенифер е причината за распаѓањето на бракот помеѓу Бред и Анџелина, досега тоа никогаш не било официјално потврдено.

Додека Бред во последно време ја насочи целата своја енергија да стави крај на тужбата за развод и да се грижи за шесте деца што ги има со Анџелина, тој, наводно, неодамна започнал со терапија за одвикнување од алкохол. Од друга страна, убавата русокоса Џенифер со задоволство се сеќава на трогателните моменти со бившите сопружници, кои дури ги коментираше на едно шоу за награди.

Со оглед на тоа што и двајцата се занимаваат со актерство, Бред и Џенифер често знаат да се сретнат во поголеми кругови на луѓе, по што не оставаат никој рамнодушен, вклучително и самите.

За потсетување, парот се венча во 2000 година, а сега поминаа 15 години од нивниот развод. Иако и двајцата подоцна имаа партнери со кои се разведоа, сите сепак се надеваат дека романсата меѓу овие две славни личности ќе заживее. Поради бракот на Бред со Анџелина, тие немаа многу можност да комуницираат и да се дружат, но секогаш настојуваа да одржат позитивен пријателски однос.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi