Џенифер призна дека ќе биде доживотно заљубена во Бред и откри зошто
Останаа еден од не пржалените парови во Холивуд чие помирување со години го посакуваа обожавателите ширум светот.
Иако крајот на нивниот брак се случи на најлош можен начин, со тоа што актерот ја изневеруваше со шестгодишната помлада Анџелина Џоли, Џенифер сепак мина над сè, бидејќи, како што открила самата, секогаш ќе го сака Бред.
Имено, во искрен и прилично емотивен разговор за “Vanity Fair” во 2006 година, ѕвездата на серијалот „Пријатели“ ја отвори душата и призна дека секогаш ќе има посебна и нераскинлива врска меѓу неа и нејзиниот поранешен сопруг и дека таа, и покрај сè, секогаш ќе го сака. Како што објаснила, иако времето што двајцата го поминале заедно не траело долго, таа и Бред научиле да се забавуваат, тагуваат, но и да ги лекуваат сопствените рани. Исто така, Џен истакна дека актерот е многу добра личност и дека никогаш нема да жали што биле заедно.