Една од најпосакуваните дами објави фотографија со мистериозен маж

24 јули, 20200
асасасас

Американската актерка Хали Бери ги натера своите фанови и следбеници на социјалните медиуми да размислуваат, откако на својот профил на Инстаграм објави фотографија од нејзините нозе, како и нозете на непознат маж додека уживаа во дружбата.

View this post on Instagram

sunday,funday❤️

A post shared by Halle Berry (@halleberry) on


Не требаше долго за возбудените фанови на 53-годишната актерка да започнат да ја коментираат можноста дека таа најде нова љубов откако објави фотографија со коментар „Недела, ден за забава“ и емотикон срце. „Многу убаво, драго ми е што најдовте некого за себе, госпоѓица Хали Бери“, „Браво девојче“, „Само уживајте, сега сите станаа љубопитни“, беше кажано во коментарите на Инстаграм, каде ја следат 6,3 милиони луѓе.

Во 2017 година, Хали беше во кратка романса со 37-годишниот музички продуцент Алекс Да Кид, но врската траеше само шест месеци. „Таа заврши со љубовта“, напиша таа по паузата во една од приказните што ги објави на Инстаграм. Последната сериозна врска што ја имала, всушност била таа со нејзиниот поранешен сопруг Оливие Мартинез, со кого се разведе во октомври 2015 година по две години брак. Поранешните сопружници се согласија да споделат физичко и правно старателство над нивниот 6-годишен син Мејс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi