Елон Маск и Гримс го сменија името на нивниот син, а сега ни го откраат и неговиот прекар

31 мај, 20200
n

Елон Маск и пејачката Гримс неодамна станаа родители, а името што му го дадоа на детето ги шокираше многумина. Потоа го променија името, но остана подеднакво бизарно. Имено, нивното момче наместо X Æ A-12, сега се вика X Æ A-Xii.

Како што се очекуваше, името предизвика бројни реакции, па дури и познатата актерка Гвинет Палтроу не успеа да се воздржи од коментар.

Се разбира, многумина беа заинтересирани за тоа како се изговара името, но и како гордите родители би го нарекувале момчето.

Сите се согласуваме, дека е поприлично тешко да на среде парк да го повикате детето – Æ A-Xii!. Но, сега таа дилема е решена.

Новопечената мајка неодамна откри во интервју за Блумберг дека нејзиниот син го нарекува „Малиот Х“, пренесува „People“. Покрај уникатното име, тој доби и уникатен прекар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi