Ентони Хопкинс веќе 170 дена е во строг карантин: Тој ветува дека не полудел, но сликите велат поинаку

27 август, 2020
entoni

Легендарниот Ентони Хопкинс го запали интернетот со новата фотографија, која ја објави на својот Твитер.

Актерот на оваа социјална мрежа е многу активен и честопати ги забавува своите обожаватели со необични виеа – како на едно видео каде тој свири пијано заедно со својата мачка. Сепак, тој сега сподели необично.

Актерот се пошегува под фотографијата: „Веќе поминав 170 дена во карантин, мислам дека не сум луд уште“.

Фановите коментираа дека се чини дека тој почнува да ги покажува карактеристиките на еден од неговите најпознати ликови – Ханибал Лектор. Други му напишаа дека целосно го разбираат, дека исто така и нив им е ужасно досадно во карантинот.