Хаос во семејството Кардашијан – Ким е скршена, Канје ја премина границата…

22 јули, 20200
kim tazna

Комичарот Дејв Чапел отиде во Вајоминг за да се погрижи дека Канје Вест е добро по неговата лудост на Твитер. Во исто време, извори тврдат дека Ким Кардашијан била „целосно скршена“, откако нејзиниот сопруг јавно ја обвинил дека сака да ја држи под клуч, со помош на лекар.

Канје сподели на Твитер видео од кое се дружи со Чапел откако ги нападна Ким и нејзината мајка Крис и потоа избриша сè. Целата драма започна со говорот на Канје на неговиот прв предизборен митинг во Северен Чарлстон. Вест се појави во блиндиран елек и го истетовира бројот 2020 на главата.Во бизарен говор пред неговите симпатизери, тој конкретно се осврна на темата за абортус, велејќи дека „во 2013 година Ким земала апчиња за абортус“, но дека „Бог ги инспирирал да го имаат тоа дете“.

Потоа се префрли на Твитер.

„Ким сакаше да лета во Вајоминг со доктор за да ме заклучи како во филмот„Get Out“ затоа што плачев на митинг затоа што го спасив животот на мојата ќерка“, напиша раперот.

Се обрати и Крис Џенер, менаџерот на семејството Кардашијан.

“Крис, не си играј со мене. Тој лажен спокој не ти е дозволен за моите деца. Се колнам во животите на сопствените деца дека Ким никогаш нема да ја продаде својата секс-лента. Се колнам во животите на моите деца дека Норт никогаш нема да биде фотографирана за Плејбој. На ранчот сум, дојдете по мене“, напиша Вест.

Канје потоа ги избриша тие натписи, а изворите тврдат дека Ким сака само да му помогне на својот сопруг заради неговото биполарно растројство, за кое јавно зборуваше во минатото. Тој сега не прифаќа никаква помош.

“Ким секогаш беше отворена за јавноста, но поради Канје и неговото биполарно растројство, таа се согласи на приватниот живот со семејството. Таа го сака само најдоброто за нејзиниот сопруг “, изјави извор близок на парот за Entertainment Tonight.

Us Weekly, од друга страна, пишува дека членовите на семејството Кардашијан сметаат дека Канје „ја преминал секоја линија“ со своето однесување.

„Таа се обиде да му помогне, но Ким и семејството мислат дека тој ја преминал секоја линија со негативните натписи и споделувањтое на приватни работи со јавноста. Таа сега се чувствува беспомошна“, тврди друг извор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi