Хари и Меган постингнаа споразум со папараците: Поднесена е тужба за фотографирање на нивниот син!

9 октомври, 2020
хари меган

Фото-агенцијата се согласи да ги предаде оригиналните слики и сите копии
Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган постигнаа споразум со позната агенција за фотографии која без одобрение го фотографираше нивниот малолетен син дома.

Војводата и војвотката од Сасекс поднесоа тужба во јули во која се наведува дека неименувани папараци го фотографирале нивниот син Арчи од беспилотни летала и хеликоптери „нелегално“ во приватната резиденција на семејството во Калифорнија кога имал 14 месеци, пренесува Ројтерс.

Судските документи доставени до Високиот суд на округот Лос Анџелес во четвртокот покажуваат дека фото-агенцијата Х17 се согласи да запре дистрибуција на слики на кои Арчи е прикажан со неговата баба по мајка, во градината во семејната резиденција и да ги предаде оригиналните слики и сите копии.

Покрај тоа, фото агенцијата Х17 му се извини на семејството.
Агенцијата исто така се согласи да плати дел од правните трошоци на семејството, изјави пред новинарите нивниот адвокат Мајкл Камп.

Меган, Хари и Арчи сега живеат во Лос Анџелес, откако парот се повлече од кралските должности кон крајот на март.

escort - Korsan taksi