Холивудската актерка не потсети како изгледала пред 30 години, а таа дури и денес е вистинска бомба!

26 април, 20200
Кетрин Зита-Џонс

Кетрин Зита-Џонс денес има 50 години. Taa се присети на улогата во серијата „Darling Buds Of May“ кога имаше околу 20 години и очигледно се воодушевила од својата тенка фигура и постираше видео на интернет.

Актерката мами воздишки со својата завидна линија уште од самиот почеток на кариерата, а со ова видео кое го објави на Инстаграм уште еднаш докажа дека таа е навистина една од најубавите жени во светот!

Педесетгодишната сопруга на Мајкл Даглас се потсети на видео-серијата „Darling Buds OF May“ во која глумеше од 1991 до 1993 година. “О, тие мрзливи и луди летни денови. Едноставноста на животот за време на снимањето на серијата „Darling Buds Of May“, напиша актерката во насловот на постираното видео.

Во моментот на снимање на видеото, таа имала околу 20 години и ја покажува тенката фигура во црвен костум за капење.

Таа, исто така, и го честиташе на Инстаграм 101-от роденден на нејзината свекрва, Ен Даглас. „Среќен роденден на мојата прекрасна свекрва. Нашата кралица, нашата баба. Вие го отелотворивте сето она што е добро кај жените. Се восхитувам на вас и ве сакам. Ана Даглас, благодарам за сè што направивте за сите луѓе во светот”, напиша Зета во емотивната порака.

Потсетете се дека Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас се запознаа на Фестивалот Deauville во Франција во 1998 година од страна на колегата Дани Девито, една година подоцна тие се верија, а во 2000 година се венчаа во хотелот Plaza во Њујорк. Иако е познат како еден од најпознатите и долговечни холивудски парови, не беше секогаш овој пар беше совршен. Пред неколку години на Мајкл му беше дијагностициран карцином на јазик, а Кетрин цело време беше со него за време на ова тешко време.   

Откако тој успеа да ја надмине сериозна болест, на Кетрин и беше дијагностицирана биполарно растројство, па тие ги сменија улогите и Мајкл и даваше безусловна поддршка и се од себе за таа да го најде нејзиниот правилен третман. Иако пред неколку години шпекулираа за нивниот развод, тие се помирија и денес се уште посилни од кога било. Двојката има две деца.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi