ИРИНА ШАЈК ПОЗИРАШЕ СО СВОЕТО МИЛЕНИЧЕ: Нема кој не е маѓепсан од нејзините очи

11 септември, 2020
irina-shayk 2

Познатата руска манекенка и поранешна свршеница на холивудскиот актер Бредли Купер (45), Ирина Шајк (34), на својот Инстаграм профил објави нова фотографија, која ги привлече симпатиите на многу фанови.

Имено Ирина позира со своето милениче на фотографијата, а очите на нејзиното куче се во преден план.

Со овој пост собра над 435 000 лајкови и безброј позитивни коментари од луѓе кои сакаат животни.

Пред Бредли, Ирина беше во врска со професионалниот фудбалер Кристијано Роналдо (35), додека Бредли беше со многу холивудски убавици.

Кога на почетокот на 2017 година се роди нивната ќерка Леа, ова семејство изгледаше неверојатно среќно.

Постојат гласини дека за време на нивната врска не било сè одлично, бидејќи Ирина била фотографирана како плаче неколку пати, а цело време велела дека е студено и дека поради тоа пуштила солзи. Исто така во Холивуд кружеа озборувања дека Бредли бил во врска со пејачката Лејди Гага (34), со која глумел во филмот „Ѕвездата е родена“.

Само неколку месеци откако Ирина го поддржа својот партнер додека тој имаше емотивен настап со Лејди Гага на Оскарите во 2019 година, парот се разведе. Наводно поради неговата прељуба. Странските медиуми објавија дека моделот е тој што раскинал и се иселил од домот во кој живееле заедно.

escort - Korsan taksi