Кај Џорџина ни ручекот не поминува без жежок фустан, погледнете ја сликата од јахтата
18 јули, 20200
ЏОРЏИНА РОДРИГЕЗ се пофали со фотографија со Кристијано Роналдо и го воодушеви многубројните фанови.
Убавата Џо објави фотографија на која Роналдо седи на маса на јахтата, додека таа послужува во црвен деколтиран фустан.
Фотографијата во еден час собра повеќе од милион лајкови и бројни коментари.
“Љубовта е во воздухот”, “Најубавиот пар некогаш”, “Совршенство”, “Џорџина е нестварна”, “Кралот и кралицата на Португалија”, се дивеа многумина во коментарите, а имаше и такви кои не ја кријеа љубомората. “Сакам и јас вака да јадам”, “Каква жена, колку му завидувам на Роналдо”, пишуваа некои.