Камерон Дијаз е бремена со второ дете?

5 јуни, 20200
imageedit_144_4068489815

Кога на социјалните мрежи објави дека со својот сопруг, 41-годишниот Бенџи Маден, станаа родители на девојчето Радикс, 47-годишната Камерон Дијаз ги шокираше обожавателите ширум светот.

Освен одлуката малечката да не ја експонираат по медиумите, раѓањето на девојчето остана вистинска мистерија бидејќи никој не знаеше дека глумицата е бремена. Иако Daily Mail тогаш пишуваше дека детето со сигурност е родено од сурогат мајка, ОК магазинот сега пишува дека Камерон и сопругот сега чекаат второ дете но дека сега глумицата е таа која ќе го роди сопственото дете.

Имено, веста за бременоста се прошири меѓу пријателите на  парот откако тие приметиле дека глумицата престанала да консумира алкохол. Тие приметиле дека за време на заедничките дружења преку видео повици Бенџи пие пиво а Камерон наздравува со лимунада наместо со вообичаениот коктел. – “Иако таа се правда дека тоа го прави поради своето здравје, сепак на неа се приметува посебен сјај.” – раскажа извор кој тврди дека глумицата и сопругот ја кријат среќната вест од јавноста исто како и со ќерката Радикс.

И покрај пишувањата на таблоидите службена потврда на бременоста нема. Единствено се знае дека парот секој слободен миг го минува со ќерката која им е апсолутен приоритет во животот. “Те сакам, мамо. Тоа е најдобрио дел од мојот живот. Благодарна сум и среќна затоа што со Бенџи уживаме во најдобрите моменти од животот.” – изјави неодамна глумицата, која е во брак од 2015 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi