Камерон Дијаз се врати на актерството! Во разговор со Наоми, таа изговори нешто што го воодушеви светот!

28 октомври, 2020
камерон дијаз

Познатата актерка откри кога конечно ќе се врати на актерската сцена


Актерката Камерон Дијаз (48) гостуваше во емисијата „Без филтер“ на Јутјуб, водителка на нејзината пријателка, манекенката Наоми Кембел (50) и по тој повод зборуваше за враќање на кино-екранот и за мајчинството.

Имено, актерката не биила на снимање од 2014 година и се повлече од актерството, а во 2019 година стана мајка и ја доби ќерката Редикс со сопругот Бенџи Маден (41).

Таа сега зборуваше за враќање на сцената и рече:

Ќе се вратам и луѓето ќе кажат еве ја новата постара актерка на сцената. Хахаха. Никогаш не кажувај никогаш – се пошегувала Камерон.

Таа инсистираше на тоа дека мајчинството е „најсреќниот период во нејзиниот живот“ и дека и се посветува целосно на својата ќерка.
Таа се осврна и на улогата во филмот „Маска“, која речиси и недостасуваше, додека пет години пред тоа се занимаваше само со манекенство.

Во тоа време, имав 21 година, а продукцијата преговараше за улогата со мене и Ана Никол Смит. Десет дена пред снимањето, тие ја потврдија мојата улога и започнав часови по глума – рече таа за улогата што ја направи славна, а покрај неа главната улога ја имаше комичарот Џим Кери.

Да потсетиме, оваа холивудска sвезда ја изненади јавноста на самиот почеток на 2020 година објавувајќи дека со сопругот ја има ќерката Редикс, а никој не ни знаеше дека е навистина бремена.

Со месеци се шпекулираше дека актерката чека бебе, но сè помина во тајност, бидејќи ниту таа, ниту нејзиниот сопруг не сакаа ништо да потврдат или негираат, сè до моментот кога Камерон објави на почетокот на јануари дека станала мајка. Не е познато дали таа ја родила или бебето било родено од сурогат мајка.

Таа додаде дека нејзиниот сопруг е прекрасен татко и дека се чувствува среќно затоа што тој е секогаш при рака, а на крајот на денот добива време за себе додека тој се грижи за нивната ќерка.

escort - Korsan taksi