Ќерката на Џенифер Лопез проговори за односот со нејзиниот татко Марк Ентони

3 октомври, 2020
1601641134849-marc-anthony-and-jennifer-lopez-with-daughter-emme-830x0

Латино дивата Џенифер Лопез (51) има близнаци Ема и Макс (12) со поранешниот сопруг Марк Ентони (52), а периодов нивната ќерка зборуваше за нејзината однос со нејзините родители.

Имено, Џеј Ло и Марк беа во брак 10 години, од 2004 до 2014 година , а десет години по разводот, славната поранешна двојка сепак одлично се согласува и подеднакво го дели старателството над децата.

Џенифер се  вери со поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез (45) кога требаше да се омажи оваа година, но венчавката беше одложена поради пандемијата на коронарниот вирус во светот. Марк во моментот нема сериозна врска, а по разводот со Џенифер во 2014 година се ожени со модел од Венецуела, Шенон Де Лим (31), со кого беше во брак до 2017 година.

Ема Марибел Муниз проговори за нејзината врска со нејзините родители, Џенифер и Марк.

“Многу е забавно. Тој се грижи многу за сите нас и едноставно е добра личност“ – рече Ема за нејзиниот татко Марк Ентони.

„Мајка ми е едноставно неверојатна. Таа е толку моќно човечко суштество. Тоа е лудо. Не знам ни како да го објаснам. Има толку многу придавки што можат да го опишат на многу добри начини. Секогаш се молам за неа“ – рече Ема за Џенифер Лопез.

escort - Korsan taksi