Кој и ја плаќа скапата гардероба на Словенката Меланија Трамп?

1 април, 20200
Melani i Tramp

Само во 2019 година, убавата Словенка потроши 218.000 евра за облека!

Секако Меланија не е првата дама на Америка која вложила десетици илјади долари во својот стајлинг, затоа што ако на некому му прилега да носи облека од имиња на престижни брендови, тогаш тоа е секако за човек на оваа позиција.

Од моментот кога за прв пат официјално се појави на инаугурацијата на Доналд Трамп, облечена во светло сина комбинација направена по нарачка, со потписот на славниот американски дизајнер Ралф Лорен, американската нација негодуваше и ја осудуваше дека нивните давачки на данок ќе одат најверојатно во гардероберот на првата дама на Америка.

Американците негодуваа со право затоа што убавата Словенка дури и на првото официјално најавување успеа да облече креација кои не само што беа потпишани некои од најголемите имиња во светот на модата, туку беше и направена по мерка – што секако значи и дополнителни пари.

Овој дух продолжи и на секое појавување на Претседателот на Америка кое подразбира и друштво од неговата Меланија, кое секогаш е коментирано од страна на новинарите во насока на стајлингот што го носела Првата дама на Америка.

А тоа се претежно Dior, Louis Vuitton, Marc Jacobs и секако Christian Louboutin.

Сепак, се вели дека американските даночни обврзници немаат причина да се грижат.

Иако е прва дама на Америка, според буџетот, на сè што официјално се појавила, само во 2019 година, таа потрошила нешто повеќе од 218.000 евра!

Сепак, токму заради истиот даночен закон е тешко да се скрие заработката од државата, и така официјалните информации за богатството на Меланија Трамп стигнаа до јавноста, а тие изнесуваат 38 милиони долари!

Дел од заработката секако се должи на нејзините денови од модата, додека остатокот се претпоставува дека е дарежлив дел од сметката кој ја дополнил нејзиниот сопруг.

Можно е Меланија да плаќа за сопствената гардероба, зошто што не?

И се испостави дека е точно.

Стефани Гришам, портпарол на Првата дама на Америка, го потврди ова „таа самата плаќа за својата облека“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi