Малкумина знаат како изгледа оваа жена, бидејќи нејзиното лице секогаш го крие зад периките, но овој пат не успеа!

29 април, 20200
Sia

Сиа била забележана по улиците на Калифорнија без стилизирана перика со која таа обично се појавува во јавноста, а во вакво издание, малкумина се во можност да ја препознаат.

Американската пејачка Сиа Фурлер, покрај нејзините хитови, е препознатлива по нејзините необични перики што и ја покриваат косата и лицето за време на настапи, а и без нив таа ретко се појавува во јавноста.

Но, 44-годишната Сиа се упати кон музичко студио во Палм Спрингс без стилизирана перика кога беше фатена од камерите на папараците, а овој пат на нејзината непрепознатливост и помогна хируршка маска за да го заштити лицето. Во нејзино друштво била австралискиот пејач Еди Бенџамин, познат и како момчето на младата танчерка Мади Зиглер, која е ѕвезда на видеата на Сиа.

Сиа овој пат беше облечена во обична комбинација, а на многумина нејзината долга руса коса, која таа ја крие на сцената, но и лицето без шминка како сме навикнати да ја гледаме, им остави впечаток на минувачите.

Кон крајот на минатата година, Сиа одлучи да ги изненади клиентите во еден супермаркет и да ги плати сметките во благајните. Дури и тогаш, таа се појави без перика, па тие едвај ја препознаа дури и тогаш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi