Меган Маркл влезе во историјата!

4 ноември, 2020
меги

Медиумите не известија дека британската војвотка Меган Маркл го искористила своето право на глас и гласала на претседателските избори во САД.

Меган, наводно, гласала со писмо пред неколку дена, бидејќи била многу нетрпелива. Доколку ова биде официјално потврдено, Меган влегува во историјата како прв член од британското кралско семејство која гласала на избори, и тоа на американски.

Непишано правило е членовите на британското кралско семејство да не гласаат на изборите во Велика Британија и да не смеат да се мешаат во политика.

Меган и Хари го прекршија ова правило кога го напуштија кралството оваа година. Актерката постојано ги повикуваше Американците да излезат на гласање и никогаш не ја криеше нетрпеливоста кон Доналд Трамп.

escort - Korsan taksi