На суд е прикажано видео од пијаниот Деп како наоколу крши работи: „Сега ќе видиш луд“

8 јули, 20200
depp

Холивудскиот актер Џони Деп во вторникот, во лондонскиот суд негираше  дека има проблеми со контрола на бесот, првиот ден на судењето по неговата тужба за клевета против британскиот таблоид што го нарече „насилник на жени“.

Деп рече дека понекогаш изразува гнев преку деструктивно однесување, но тоа не значи дека има проблем да го контролира гневот.

„Се смеам, но немам проблем да го контролирам смеењето“, го цитираше Sky News.

Деп и неговата поранешна партнерка Амбер Херд беа фотографирани како доаѓаат на суд одделно, а другите филмски sвезди се очекува да сведочат за време на тринеделното судење.

Адвокатите на Деп рекоа дека 57-годишниот актер го тужел издавачот на таблоиди Sun и извршниот уредник во врска со текстот објавен во 2018 година во кој Деп е насловен како „насилник на жени“.

На суд беше прикажано видео од лудилото на Деп, на кое се гледа како крши елементи од кујната, а потоа и шише вино. „Сакаш да видиш што е лудо? Сега ќе видиш …“ се слуша Деп во записот.

Весникот подоцна ја отстрани фразата „насилник на жени“ и го смени насловот на Интернет-страницата на текстот, рекоа неговите адвокати.

Тие рекоа дека Деп сака да го заштити неговиот углед на суд, според Sky News.

Адвокатите на ѕвездата на Пиратите од Карибите известија дека  Херд „ги измислила овие приказни за сериозно насилство“ и ја обвиниле дека била „насилник“ во нивната врска.

„Не верувам дека сум арогантен, манипулатор и личност која сака да контролира“, рече Деп.

Правниот тим на таблоидот тврди дека описот на Деп  за малтретирање на жената е „целосно точен и вистинит“ и дека ќе докаже дека ја претепал својата поранешна партнерка, повредувајќи ја и предизвикувајќи и страв за нејзиниот живот.

Другите поранешни партнерки на Деп, актерките Ванеса Парадис и Винона Рајдер, се очекува да сведочат.

Деп и Херд (34) раскинаа во 2016 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi