На својот сопруг му дала неколку услови на почетокот на врската, од кои едниот особено го изненадил
Музичарот Џо Џонас се пошегува на сметка на својата сопруга Софи Тарнер и откри интересен детал од почетокот на нивната врска. Тој истакна дека таа имала едно барање.
„Софи ми рече дека морав да ги гледам филмовите за Хари Потер ако сакам да бидам нејзин дечко и ако планиравме да се венчаме некогаш“, истакна 30-годишниот музичар.
Тој додава дека секоја година за време на Божиќ, британските телевизии ги повторуваат сите филмови за славниот волшебник и признаа дека се за вљубил во нив. Сепак, тој вели дека во време на самоизолација, неговата сопруга сега постојано го гледа филмскиот серијал „Господар на прстените“, пишува Daily Mail.
Славниот пар е, исто така, се забавува со редење Лего коцки, а тие велат дека веќе изградиле неколку замоци од славните филмови и автомобилот на Бетмен.
Џо и Софи, наводно, го очекуваат своето прво дете. Една година по првиот состанок, тие се верија. „Имаме многу заеднички пријатели кои долго време сакаа да нè здружат“, рече Софи во една пригода. Тие се венчаа во Лас Вегас.