Не е ни чудо што тие можат да се пофалат со своите божествени фигури: „Дали го правите и вие ова во спалната соба?“

24 октомври, 2020
никол и том

Никол Шерцингер објави видео на Инстаграм во кое е на проба со момчето Том Еванс, а нејзините следбеници не можат да одлучат кој од двајцата изгледа подобро.

https://www.instagram.com/p/CGtDm6aDdQb/?utm_source=ig_embed


Пејачката Никол Шерцингер и нејзиното момче, рагбистот Том Еванс, се познати како големи обожаватели на активно вежбање и често објавуваат фотографии и снимки од заеднички тренинзи на социјалните мрежи и се фалат со своите извајани тела.


42-годишната пејачка покажа во една од своите последни објави на Инстаграм некои од новите вежби што ги вметнаа во нивната рутина и благодарение на што имаат мускул до мускул. Никол на видеото носи тесни хеланки и спортски градник, а 35-годишниот Том го покажа голото торзо.


„Колку си силен, ова е толку симпатично“, „Дали го правиш ова и во спалната соба“, „Вие сте совршени заедно, не ми се верува дека изгледате така“, „И јас треба да започнам со овие вежби“ „Така изгледа кога маж сака жена“, се само некои од илјадниците пораки што ги добија во коментарите.

Двојката е во врска помалку од една година, а се погласни се гласините дека пејачката наводно сака да основа семејство и затоа имаат намера да купат заеднички имот во Лондон, а биле видени како ги обиколуваат оние во Лос Анџелес. Тие се запознаа минатиот септември на снимањето на шоу за таленти во САД во кое Никол учествуваше како член на жирито.

escort - Korsan taksi