Ни прогнозираа крај… – Пријанка Чопра и Ник објавија преубави вести!

28 мај, 20200
nik

Пријанка Чопра и Ник Џонас прославија две години од својата љубов!

Веста за разводот на Пријанка Чопра и Ник Џонас неодамна ја шокира јавноста. Причината за тоа беа честите расправии меѓу славната двојка, незрелоста на актерката, поранешна мис, како и фактот дека семејството на Ник не ја прифаќа неговата сопруга, која е десет години постара. Сепак, судејќи според социјалните мрежи на Пријанка и Ник, во нивниот брак сè функционира како што треба.

Пријанка реши да ја одбележи годишнината  со Ник на „Инстаграм“, па на својот профил објави фотографија од нивниот прв дејт од 2018 година.

– “Пред две години, за прв пат се сликавме заедно” – напиша пресреќната Пријанка и додаде:

– “Секој ден од тогаш ме исполнуваш со среќа и задоволство. Те сакам. Ти благодарам што го правиш нашиот заеднички живот неверојатен. Со нетрпение ги очекувам сите наши дејтови што ни следуваат..”

Нејзиниот сопруг, најмладиот од трите браќа Џонас, искоментира на оваа слика со следните зборови полни со љубов – “Најдобрите две години од мојот живот. Те сакам.”

Пријанка и Ник – љубовта пред се!

Прекрасна фотографија на славната двојка е направена на бејзбол-играта „ЛА Доџерс“, кога веќе во Холивуд кружеа приказни дека актерката и пејачката се почнале да излегуваат заедно. Џонас исто така објави слика од овој настан со коментар:

-” Ја однесов оваа убава жена на состанок за прв пат пред две години. Овие се двете најубави години во мојот живот и верувам дека е благослов што ќе го поминам остатокот од животот со неа. Те сакам. Среќна годишнина.”

Неговата подобра половина одговори:

– “Те сакам, ти си најдобрата одлука во мојот живот”.

View this post on Instagram

My Valentine. ♥️

A post shared by Nick Jonas (@nickjonas) on

Иако официјално започнаа да се забавуваат дури во мај 2018 година, Пријанка и Ник се запознаа подобро една година порано на „Мет Гала“.

– Да, бевме назначени на истата маса и бидејќи долго време се познававме, решивме заедно да одиме на настанот. И еве, ние сме во брак сега – рече Чопра во американско шоу.

View this post on Instagram

This guy. #Grammys2020

A post shared by Priyanka Chopra Jonas (@priyankachopra) on

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi