Никол Кидман и сопругот Кит Урбан следната година ќе добијат трето дете!

13 декември, 2020
e8aa53d64555ff55862d


Се чини дека раѓањето на дете со помош на сурогат мајка било убаво искуство за Кидман и Урбан, па според ѕвездените навестувања, тие ќе го повторат тоа искуство во 2021 година и ќе имаат трето дете.


Познатата и убава холивудска актерка Никол Кидман има австралиско потекло. Родена е во знакот Близнаци, на Хаваите, каде што живеела до шестгодишна возраст. Нејзиниот татко, невропсихијатар и нејзината мајка, професор по медицина во средно училиште, беа политички активисти. Раѓањето на нивната ќерка беше голема радост за нив, па ја нарекоа Хокулани (Небесна Sвезда). Инспирацијата за името беше едно слонче младенче во зоолошката градина во Хонолулу, кое се роди на ист ден со Никол.

На 16-годишна возраст, Никол Кидман стана прво австралиска филмска sвезда, а потоа и светска ѕвезда. Доби Оскар за најдобра актерка за улогата на писателка Вирџинија Вулф во драмата „Часови“ во 2002 година и беше номинирана двапати за таа најпрестижна филмска награда. Неколку години беше меѓу најплатените актерки во светот. Колку и да изгледа нежно и женствено, Никол е љубител на екстремните спортови. Со ова, таа својата нервозна енергија ја насочи совршено на физичко ниво, бидејќи во спротивно ќе страдаше од лутина. Нејзината физичка издржливост е очигледна во филмот „Австралија“, во кој таа се истакна на „домашниот терен“. Мажите во нејзиниот живот се во постојана конкуренција со нејзината харизма, но не успеваат да ја засенат. Единаесет години беше во брак со Том Круз, со кого посвои деца.

По разводот, нејзината кариера повторно се врати во нагорна линија. Музичарите многу ја сакаат: таа беше во сериозна врска со Лени Кравиц, а од 25 јуни 2006 година е во брак со музичарот Кит Урбан. Тој и неговата сопруга имаат две ќерки, првата таа ја роди во 2008 година, а втората им беше родена од сурогат мајка во 2010 година. Актерската и музичката двојка живее на два континента, на повеќе локации и покрај кризите, тие сепак остануваат заедно. Како и нејзините родители, Никол е политички и социјално активна во заштитата на човековите права, женските права, родовата еднаквост, правата на истополовите бракови и против насилството врз жените.

Таа по вероисповеста е католик и не сакаше да воспитува посвоени деца според правилата на саентолошката црква, додека беше во брак со Том Круз. Се чини дека раѓањето на дете со помош на сурогат мајка било убаво искуство за Кидман и Урбан, па според ѕвездените навестувања, тие ќе го повторат тоа искуство во 2021 година и ќе имаат трето дете.

escort - Korsan taksi