Од денес Хари и Меган се обични смртници :) до вчера ни Корона не им можеше ништо ;)

1 април, 20200
kral

Во овие моменти, кога светот е навистина чувствителен, здравјето и благосостојбата на секое човечко битие е најважно, изјави Британскиот брачен пар Хари и Меган.

Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган, еден ден пред своето официално повлекување од членството во кралската фамилија, се збогуваат со 11 милиони свои „Инстаграм“ следбеници, воедно нагласувајќи ги тешкотиите со кои што се соочува целиот свет во време на корона вирусот.

Во овие моменти кога светот е навистина чувствителен, најважно е здравјето и благосостојбата на секое човеччко битие, како и наоѓање решение за многубројните проблеми кои што пандемијата ги создаде.

„Нас повеќе нема да нѐ најдете тука, но работата секако продолжува“, наведе во своето обраќање брачниот пар кој што постојано се обидува да најде начин како да во иднина да се справи и соочи со предизвиците кои што доаѓаат.

Исто така, тие наведоа дека очекуваат во многу брза иднина повторно да најдат начин и канал преку кои што ќе стапат во контакт со нивните  фанови и следбеници.

Согласно Договорот со Кралицата Елизабета Втора, веќе од 31 Март, принцот Хари и неговата сопруга Меган нема да бидат во можност да ја користат титулата „кралско височество“, ниту пак правото официјално да ја претставуваат кралицата и кралството.

Според нив, доколку се одлучат на овој чекор тие ќе можат самостојно да работат и заработуваат за живот, воедно очекуваат дека ќе бидат и подалеку од целата медиумска јавност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi