Оваа девојка толку многу личи на Кортни Кардашијан што би можела да и биде двојничка

28 април, 2020
кортни

Иако ако Кортни Кардашијан објави дека повеќе нема да биде дел од познатото реално шоу Keeping Up With Kardashians, оваа девојка може без проблем да ја замени.

Инфлуенсерката Габи Хернандез, многу корисници на TikTok ја прогласија за двојничка на најстарата сестра Кардашијан, и тоа го потврди видеото во кое таа ја имитира.

Габи се пошегува дека со тек на времето и подолго гледање на споменатото реално шоу, таа се претвора во Кортни.

Инаку, ова е една од ретките девојки што луѓето ја споредуваат со Кортни. Најмногу двојнички во семејството Кардашијан имаат Кајли и Ким.