ПО ЗАМИНУВАЊЕТО ОД ДВОРОТ: Како ќе изгледа новиот живот на Меган и Хари?

27 јануари, 20200
profimedia-0365577533

Со оглед на тоа што нивната кралица Елизабета Втора им го даде нејзиниот благослов, принцот Хари и неговата сакана Меган може да започнат со сериозни планови за преселба во нејзината родна Канада, каде сакаат да живеат независно од остатокот од кралското семејство.

Можам само да замислам што сѐ сте слушнале и прочитавте изминативе недели и сакам да ви ја кажам вистината како Хари, а не како војвода или принц. Јас сум истата личност која сте ја гледале како расте 35 години, но сега имам појасна перспектива. Велика Британија е мојот дом и место што го сакам, тоа никогаш нема да се промени. Јас пораснав со ваша поддршка и гледав како со отворени раце ја прифативте Меган, бидејќи видовте дека ја најдов љубовта и среќата на која се надевав во целиот мој живот. Знам дека во текот на годините доволно ме запознавте и ми верувате дека избрав жена која има исти вредности како и јас. По свадбата бевме возбудени и сакавме да служиме. Затоа сум толку тажен што се појави ова. Не беше лесно да се донесе ваква одлука, жена ми и јас да се преселиме. Тоа беше донесено по неколкумесечни разговори и години исполнети со предизвици. Знам дека не бев секогаш во право, но кога станува збор за ова, нема други опции. Сакам да биде јасно дека не заминуваме. Се надевавме дека ќе им служиме на кралицата, Комонвелтот и моите воени здруженија, но без јавни пари. За жал, тоа не беше можно.,, рече принцот Хари.

По неколкумесечни и неодамнешни дискусии, задоволна сум што заедно пронајдовме конструктивен начин за да продолжи мојот внук и неговото семејство. Хари, Меган и Арчи секогаш ќе бидат сакани членови на моето семејство. Јас ги препознавам предизвиците со кои се соочуваат и резултатот од интензивно набудување во последните две години и ја поддржувам нивната желба за посамостојно живеење. Сакам да им се заблагодарам за нивната посветена работа низ целата држава, Комонвелтот и особено сум горда што Меган брзо стана дел од нашето семејство. Се надевам дека денешниот договор ќе им овозможи да започнат со градење среќен и мирен нов живот – рече кралицата Елизабета Втора по договорот и тогаш беше објавено дека парот решил да го врати суверениот грант, или 2,4 милиони фунти од средствата на даночните обврзници, кои биле потрошени за реновирање на колибата Фромор, што ќе биде нивниот англиски дом.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi