Потврдено е-Бред Бит е во врска со најпосакуваната жена во Холивуд!

5 јуни, 20200
бред

Иако со месеци се шпекулира за смирување на една од најомилените двојки во Холивуд, sвездата на „Пријатели“ ,Jенифер Анистон (51) и нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит, навивачите на бившата двојка ќе мора да почекаат. Имено, веста дека 56-годишниот добитник на Оскар се бакнува со австралиската ТВ презентерка, 33-годишната Рене Барг, во неколку наврати одекна во медиумите,а магазинот „New Idea“ сега изјавува дека врската е официјално потврдена.

 Наведениот магазин во својот последен број пишува дека постоела хемија помеѓу презентерката и актерот, а сè е потврдено со нејзината изјава за Бред.

“Мислам дека во присуство на Бред Пит пеперутките се секогаш присутни. Јас сум секогаш нервозна кога зборувам со него. Можете лесно да го почувствувате неговото присуство уште пред тој да се појави” – беше изјавата на 33-годишната Рене за славниот актер, која исто така  го интервјуираше  на доделување на наградите SAG.

Магазинот исто така наведува дека водителката и актерот останале во контакт дури и откако таа се вратила во Австралија, каде го снима шоуто „The Voice“. Според списанието, Рене и Бред се слушаат секој ден преку апликацијата “FaceTime”, а водителката, меѓу другото, рекла дека актерот го има тој Х фактор. Сепак, и покрај тврдењата на американскиот таблоид, ниту добитникот на Оскар, ниту 23-годишната Австралијанка, која за странските медиуми е наречена „најпосакуваната жена во Холивуд“, допрва треба да ја потврдат наводната нова врска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi