Сè е откриено: Откако ја разбесни јавноста, се откри дека пејачката лажела цело време!

9 декември, 2020
706e2ec23de50ff4d416


Сега е откриено дека таа претходно лажела во медиумите за плановите за прославата на својот 30-ти роденден, кога во интервјуто за британските медиуми „The Times“, кон средината на ноември, изјави дека роденденот ќе го прослави само со нејзините родители.


Пејачката Рита Ора се најде на мета на критики за наводно кршење на правилата за „lockdown“ во Велика Британија. Според тамошните медиуми, Рита организирала прослава за својот 30-ти роденден во ресторан, кој инаку е затворен за другите посетители, а таа поканила околу 30 луѓе. Меѓу гостите беа и некои познати личности како супермоделот Кара Делевињ и нејзината сестра Попи, и ТВ презентерот Вас Морган.

Рита и нејзината сестра први дојдоа во ресторанот. Имаше околу 30 гости, сите беа облечени многу гламурозно и влегоа во зградата од позади, додека чуварите посматраа за да се осигурат дека никој друг нема да влезе. Забавата траеше до раните утрински часови – изјави извор за британските медиуми. Сè веднаш ја разбесни јавноста, бидејќи се чини дека овој потег и дозволува да стори сé – само затоа што е богата, додека властите ограничуваат на „обичните луѓе“ колку луѓе можат да бидат собрани за семејни прослави.

Сега е откриено дека таа претходно лажела во медиумите за плановите за прославата на својот 30-ти роденден, кога во интервју за британските медиуми „The Times“, кон средината на ноември, изјави дека роденденот ќе го прослави само со нејзините родители.

“Всушност, навистина се радувам да поминувам време со моите родители. Зарем не е тоа чудно? Знам дека тоа лошо ќе влијае на мојата репутација, но тие се мојата омилена компанија”, рече тогаш пејачката и додаде дека се придржува до сите епидемиолошки мерки.

Но, се чини дека не беше така. Да потсетиме, сопственикот на ресторанот тврдеше дека не слушнал за забавата, иако полицијата е снимена како ѕирка низ прозорците, а исто така биле видени како се обидуваат да влезат во заклучениот ресторан.

На крајот на краиштата, Рита се извини во медиумите, а британските медиуми пишуваат дека ќе мора да плати казна од 11 илјади евра.

-Здраво на сите, присуствував на мал собир со пријателите за да го прославам мојот 30-ти роденден. Тоа беше брза одлука со погрешна проценка дека ќе излеземе од карантин и дека се ќе биде добро. Жал ми е што ги прекршив правилата и разбирам дека ова ги изложува на ризик луѓето. Ова беше сериозна и непростлива грешка во проценката. Со оглед на ограничувањата, разбирам колку неодговорни беа овие постапки и преземам целосна одговорност – напиша пејачката на социјалните мрежи.

escort - Korsan taksi