Се плашел што ќе каже сопругата? Поминал покрај славната убавица, и поранешна девојка на својот колега а не се ни завртел да се поздрави
Холивудскиот актер Хју Џекман уживаше во својата редовна прошетка по улиците на Њујорк каде што живее со неговата сопруга Дебора-Ли Фурнес, а ниту неговиот пат не помина незабележано од папараците.
Тие на тој начин фатија интересен момент, поточно средбата на 52-годишниот Хју и моментално една од најпопуларните и најубави жени на светот, 34-годишната манекенка Ирина Шајк, која беше во врска со неговиот актерски колега Бредли Купер. Иако многумина очекуваа ѕвездите да се поздрават и да разговараат кратко, тоа не се случи. Хју и Ирина не се ни погледнаа, а камоли да се поздрават. Дали е причината што тие имаа заштитни маски на лицата за да не се препознаваат едни со други или е нешто друго непознато.
Ирина беше придружувана и од нејзината 3-годишна ќерка Леа Де Сејн, која ја доби во врска со Бредли, со кого раскина пред една година поради неговата наводна врска со Лејди Гага, а на Хју наскоро му се придружи и неговата сопруга. Парот инаку е познат како еден од најстабилните и покрај големата разлика помеѓу годините, а тие тврдат дека се заљубени како и првиот ден.