Се соблекоа пред објектив, па зажалија!

21 април, 20200
кејт

Да се снимаат еротски сцени или не, е прашање со кое се соочуваат речиси сите актери во својата кариера.Овие ѕвезди го прифатиле предизвикот,а потоа се покајале.

1. Мери Луис Паркер во серијата Weeds

Иако повеќе пати се соблекла во осмата сезона од серијата Weeds, признава дека чувствувала голем притисок при снимање на сцената во када во која е како од мајка родена.

– Мислам дека не требаше да бидам сосема гола и се расправав со режисерот околу тоа и сè уште сум огорчена зашто на крајот сепак попуштив. Знаев што ќе се пишува на интернет “Мери Луис ги покажа големите брадавици”. Жалам што го направив тоа.

2. Натали Портман во Hotel Chevalier

Оваа ѕвезда го покажала телото во филмот на Вес Андерсон, Hotel Chevalier. Подоцна изјавила дека и е жал што не ја слушала својата интуиција и се противела на сосема голата сцена. Инаку, таа нема ништо против голите сцени ако се снимаат заради уверливост, но не сака сцени чии фотографии потоа завршуваат на порно страници.

– Тоа требаше да биде дел од драматична сцена, а не материјал за мастурбирање. Тоа навистина ме лути, изјавила таа.

3. Шерон Стоун во Basic Instinct

Славната сцена во белиот фустан? Она што никој не го знае е дека Шерон Стоун наводно не знаела што се случува сè додека не ја видела сцената во кино салата.

– Кога ја снимавме, режисерот дојде и ми кажа дека се гледаат белите гаќички на екранот и дека би требало да ги соблечам. Одговорив дека не сакам, затоа што не сакам да се види нешто, но тој со смирен глас ми одговори “нема ни да се гледа, биди сигурна”. Но, кога го видов тоа, отидов кај него и му мавнав шлаканица. Можеше барем претходно да ми каже, а не да го видам тоа во исто време со сто луѓе, сосема неподготвена.

4. Никол Кидман во Big Little Lies

Иако Кидман не жали за улогата која и донесе Еми награда, признава дека и било тешко да снима секс сцени со насилничка природа.

– Не можев да станам, не сакав да станам. Режисерот доаѓаше до мене, ме покриваше со пешкир на паузите. Се чувствував понижено, уништено и ужасно бесно, открила таа.

5. Кејт Винслет во Titanic

Кејт има снимено многу голи сцени, но во една се соблекла сосема, славната сцена “нацртај ме како да сум една од твоите Французинки”, од Титаник. Таа вели дека денес жали затоа што смета дека покажала премногу “месо” и дека направила грешка зашто била млада и сакала да се докаже.

6. Џесика Браун Финдлеј во Albatross

Таа вели дека сега жали за голата сцена, иако не знаела дали може да ја одбие, ниту знаела каква ќе биде приказната.

– Искрено, мислев дека ме снимаат од зад грб. Тоа е нешто што никогаш не би го повторила, изјавила таа.

7. Џенифер Лоренс во Passengers

Иако не жали за секс сцените со Крис Прат, жали што нервозата за снимањето ја победила со алкохол.

– Многу се напив и после сцената, кога си дојдов дома, дури тогаш ми дојде прашањето “што направив?”- подоцна изјавила таа.

8. Дакота Џонсон во 50 Shades of Grey

Иако знаела дека ќе има целосни голотии, Дакота не се чувствувала воопшто пријатно за време на снимањето. Поминала часови вежбајќи ги сцените на камшикување и вели дека тоа не било воопшто секси искуство. Повеќе било препотено и непријатно.

9. Хали Бери во Monster’s Ball

Бери која често се соблекува во филмовите, не жали за голотиите во филмот за кој добила Оскар, но и понатаму мисли дека тие сцени не биле нужни.

– Реално, мислам дека не е нужно да се види сè во филм и мислам дека секој би можел да помине без тоа, но верувам дека тоа е трик кој го продава филмот. Голотијата е избор, а јас храбро се фрлив во тоа

10. Емилија Кларк во Game of Thrones

Мајката на змејовите секако привлекла внимание во сцената каде сосема гола излегува од оган.

– Родителите ми се јавија откако ја гледале епизодата. Малку е да се каже дека и мене и ним им беше непријатно. Никој не сакаше да ја гледа повторно, открила таа. По оваа сцена, следеле уште неколку голи сцени, но наводно повеќето ги снимала нејзината дублерка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi