Севе го прослави роденденот со трубачи, облечена во спектакуларен фустан од илјада евра!

22 април, 20200
северина

И покрај мерките за изолација, Северина ќе биде запаметена по својата прослава за 48-от роденден.

Благодарам за љубовта која ми ја испративте денес. Благодарам на моите пријатели за „Zoom“ забавата, за тортата, за песната под мојот прозорец … Видео честитките на фановите, колегите и сите други драги луѓе … многу мислам на вас. Ве сакам сите“, напиша пејачката во објавата на Инстаграм.

Таа споделуваше снимки цел ден и им откри на своите фанови како се одвиваше нејзината роденденска прослава.

Под прозорците на нејзиниот пентхаус во Козјак, Загреб, таа беше изненадена од трубачите кои и ја пееја „Среќен роденден“ од Фантом, а потоа Сева им се придружи и ја отпеа „Липа си липа“ од Горан Каран и песната од Миша Ковач „Далмација во моето око“.

Пејачката дури и не се мачеше да го скрие задоволството од ова изненадување, па не ја отстрани насмевката од лицето, а од снимката јасно се гледаше дека таа направила посебен напор за нејзината роденденска облека.

Станува збор за фустан од 16Arlington кој не би го пропуштиле на црвениот тепих. Виолетовата мини креација е украсена со светки и пердуви и ви треба само еден моден додаток – пар добри чевли. Оваа креација може да се купи на многу од вашите омилени онлајн портали за купување преку Интернет, каде ќе потрошите нешто повеќе од илјада евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi