Шерон Стоун откри колку тешко ги добивала улогите во 90-тите, но се се променило откако позирала за Плејбој

16 октомври, 2020
o_14985624_1024


Шерон Стоун тешко се снаоѓала во улоги во раните 90-ти, и кога ликот на сексапилната Кетрин Трамел се појави на хоризонтот за филмот „Сурови страсти“ од 1992 година, поранешната манекенка знаеше што да прави – реши да позира гола за Плејбој како ќе ја добиеше улогата за која беше убедена дека е направена за неа. Ова го откри 62-годишната актерка во разговор со колешката Дру Баримор во нејзиното ток-шоу. Шарон рече дека решила да позира гола за изданието на Плејбој во јули 1990 година, единствено за да добие улога во „Сурови страсти“. Но, таа вели дека немала идеја што ќе се случи по прикажувањето на филмот, кога беше прогласена за секс симбол, а нејзините фанови беа опседнати со ликот на заводливата Кетрин. Славата што и ја донесе филмот и овозможи да добие улоги како онаа во „Казино“ на Мартин Скорсезе, што и донесе номинации за Оскар и Златен глобус.


Шерон, исто така, рече дека завршила со излегувања и романси затоа што и е доста, а Дру рече дека и таа се чувствува исто. На прашањето зошто повеќе не ја интересираат романтични врски, Шерон рече дека открила дека луѓето се нечесни и не вредни за нејзиното време.

– Не ми треба друго дете, не сакам никаква неискреност и играње игри. Чувствувам дека во моментот мажите не се во иста позиција како жените. Имам навистина добри пријатели меѓу мажите, но кога станува збор за емотивна зрелост во врската, едноставно се чувствувам како жените и мажите да се на различни места – објасни Шерон, која има три сина, 20-годишниот Роан Џозеф Бронштајн, посвоен за време на бракот со Фил Бронштајн, 15-годишната Лаирд Вон Стоун и 14-годишната Квин Кели Стоун, кои ги посвои во 2005 и 2006 година.

escort - Korsan taksi