Што ќе му го растуреше бракот ма Франческо Тоти?
Фудбалската легенда Франческо Тоти сподели интересна приказна од бракот со убавата Илари Бласи, кој трае од 2005та година во кој добија три деца.
Франческо откри дека нивната врска била во криза заради мачката што Илари ја обожава, загрозувајќи го нивниот интимен живот до точка на сериозни расправии.
“Бев лут, таа купи мачка без влакна и ја нарече Дона (г-ѓа) Паола. Ноќе, мачката упорно сакаше да спие во нашиот кревет покрај нозете. Малку недостасуваше да се разведеме.
Илари по секоја цена сакаше мачка, а јас мислев дека не ни треба. Еден ден таа само ја донесе и така ме стави пред свршен чин, покажувајќи дека таа ги носи сите одлуки во семејството. Не разговаравме со денови, но на крајот и јас ја засакав мачката “, изјави Тоти на Instagram live со својот пријател и поранешен фудбалер Кристијан Виери.
Тоти во кариерата освои еден Скудето во 2001 година и беше во составот на италијанскиот трофеј од Светскиот куп во 2006та година во Германија.