Сите ликови кои се геј, а не сме имале појма

19 јули, 20200
Annotation 2020-07-19 160141

Светската јавност неодамна беше шокирана со веста дека омилениот цртан лик, Сунѓерот Боб Панталоновски, е всушност геј. Наиме, Nickelodeon потврди дека Сунѓерот Боб е член на LGBTQ+ заедницата, иако неговиот создавател своевремено рекол дека тој и Патрик се асексуални.

“Славиме #Pride со LGBTQ+ заедницата и нивните сојузници, ивој и секој друг месец”, порачаа на средината на минатиот месец од компанијата на Твитер и ставија фотографија на која го има Сунѓерот Боб.  

Хаштагот “Сунѓерот Боб е геј” почна да се шири на Твитер со брзина на светлоста, И додека некои тврдат дека ова било потврда дека популарниот лик е всушност геј, има и такви кои мислат дека тој е всушност “A” во “LGBTQIA”, односно дека е асексуален, и тоа поради изјавата која ја дал авторот на популарниот цртан филм во 2005та година.

Стивен Хиленбург тогаш рекол дека никогаш не планирал Сунѓерот Боб и неговиот пријатело Патрик да бидат геј.

“Ги сметам за асексуални, само се обидуваме да бидеме забавни и тоа нема врска со цртаниот”, рече тој тогаш.  

На шоковите не им е крај.

Пред неколку дена авторот на филмскиот серијал “Scooby Doo”, Џејмс Ган, откри дека неговата замисла била да впечатливата детективка Велма во филмот експлицитно биде геј.

Имено, тоа се случило откако на Твитер му напишале:

 “Те молам направи нашите сонови за Велма лезбејката да станат јаве”, на што тој одговори:  

“Се обидов! Велма беше геј во првобитното сценарио од 2001 година, но продукцијата тоа го ублажуваше, па нејзината сексуалност прво беше двосмислена, за да во продолжението има момче”, напиша Џејмс.

Велма во играните филмови ја толкуваа Линда Карделини и Хејли Кијоко.

За уште еден лик од култниот серијал филмови Хари Потер се претпоставува дека е геј.

Имено, авторката, Џ. К. Ролинг, и одговори на една твитерџика од Србија на прашање за сексуалноста на Дамблдор.

“Ви благодарам многу што го напишавте Хари Потер. Ме интересира само зашто рековте дека Дамблдор е геј, бидејќи никогаш не ми изгледаше така?”

Роулинг кратко одговори:

“Можеби бидејќи геј луѓето изгледаат како… луѓе?”

“Не е никаква новост да маж кој е истовремено добар и храбар биде заљубен во друг маж. На крајот на краиштата, тој е мој лик и имам право да го кажам за него сето тоа што сум го кажала.”

Сепак, ова не беше прв пат авторката да им објаснува на фановите на Хари Потер за сексуалноста на Дамблдор, како и своите ставови за тоа.

Во продолженијата на филмовите за Хари Потер, Дамблдор го толкуваа Ричард Харис, Мајкл Гамбо и Џуд Ло.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi