Сопружниците одат на суд поради кучето, ги тужи пронаоѓачот

17 јуни, 20200
gfgdfgfd

Американскиот музичар, 39-годишниот Реј и неговата наскоро поранешна сопруга, со која во моментов води постапка за развод, 35-годишната дизајнерка Принцес Лав, наскоро ќе бидат повторно заедно, на суд. Имено, тие се тужени од маж кој минатата година го пронашол нивното побегнато куче, а на кого не му ја платиле вртоглавата цифра што му ја ветиле на пронаоѓачот, пренесува ТМЗ.

Пронаоѓачот Еди Маси, всушност, тврди дека Реј и Принцес Лав не му платиле сума од 20 илјади долари, бидејќи ја ветиле за оној кој ќе го пронајде нивното куче Богототи. Тој, тврди дека го нашол во Лос Анџелес во април минатата година. Тој понатаму тврди дека се грижел за кученцето 6 недели, сè додека не видел дека славната двојка нуди огромна сума за безбедно враќање на нивниот миленик дома. Затоа, тој реши да исконтактира со нив и тие договорија состанок. Во документите се вели дека Реј и Принцес Лав одбиле да платат во готово, а Еди тврди дека тие му се заканувале после тоа, тврдејќи дека може да го уништат ако тој продолжи да бара пари.

Но, сопружниците имаат сосема друга „приказна“. Имено, принцезата тврди дека некој маж и ’пристапил на улица и и рекол дека знае кој го има нивното кученце, а кога побарала доказ, тој покажал фотографија на непозната личност со куче. Сепак, таа ја покажа фотографијата на пријател кој го препознал човекот на фотографијата и била убедена дека Еди нема никаква врска со човекот и дека тоа всушност е измама и грабеж. Со оглед на овие две спротивставени приказни, како ќе заврши овој случај, останува да видиме.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi