Соработката со поп дивата му пресуди на неговиот единствен брак, а по разводот љубеше бројни славни убавици

29 мај, 20200
l

Лени Кравиц денес е познат како најпосакуваниот ерген, а досега само еднаш застана пред олтарот.

Леонард Алберт Кравиц уште од мал се занимавал со музика и пораснал во семејство кое внимателно ги следело музичките трендови на џезот и класици. Роден е во Њу Јорк, но се преселил со мајка си во Лос Анџелес во 1974 година, каде ги имал првите настапи со хорот, на кој им се придружил како дете. По неколку не успешни обиди со дискографските куќи, тој решил сам да го сними својот прв албум. Стивен Елвис Смит кој работел со неговата мајка и идната сопруга на Лени, Лиза Бонет, му помогнал на неговиот пат кон успехот. Како негов менаџер, Стивен во 1989 година, го посредува договор со Лени и дискографската куќа Вирџин Рекордс, под името Ромео Блу.

Има бројни соработки со своите колеги, но највеќе се истакнува соработката со Мадона на песната „Justify My Love“, а исто така и со Ванеса Парадис. Работел со Стивен Тајлер, Мик Јагер и стана еден од најбараните музичари во своето време.

Истовремено, тој ги наполеше медиумите со неговиот приватен живот. Ја запознал Лиза Бонет во 1985 година на концерт во Калифорнија. Со која биле блиски пријатели, две години, пред да станат пар. Поради неа, тој се вратил да живее во Њу Јорк, затоа што таа имала улога во серијалот „Козби шоу“ којшто се снимал во тоа време.

Стапија во брак во Лас Вегас во 1987 година, а една година подоцна се роди нивната ќерка Зое Изабела, која сега е актерка и пејачка.

Тој се разведе од Лиза во 1991 година, откако работеше со Мадона на заедничката песна.

Токму оваа соработка го реши неговиот брак. Медиумите почнаа да пишуваат дека Лени се плеткал со Мадона, но и покрај тоа што тој негирал сè, Лиза се оддалечила од него.

Неговиот бурен љубовен живот штотуку започнува. Бил во врска со Ванеса Парадис од 1992 до 1996 година. Во 2001 година, започна врска со манекенката Адријана Лима со која се вери една година подоцна. Не ѕа долго, тие раскинаа во 2003 година. Лима се појави и во музичкиот спот за неговата песна „Yesterday Is Gone (My Dear Kay)“.

Лени, исто така, кратко потоа се впушти во врска и со Никол Кидман, со којашто исто така се вери.Кравиц одамна одлучи дека повеќе нема да биде пред олтарот, но тој не ја исклучува во целост таа можност. Тој многупати во интервјуа рече дека биле потребни години да се смири и повторно спријатели со Лиза Бонет,која пак денес е во брак со  холивудскиот миленик – Џејсон Момоа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi