Совршено за „подигнување“ на температурата во овие зимски денови: Клаудија Шифер како секси Баба Мразица!

27 декември, 2020
1376821 (1)


Клаудија Шифер им го честиташе Божиќ на своите придружници со провокативна фотографија на која е облечена во црвена секси долна облека и капа на Дедо Мраз од нејзините помлади денови.

Прекрасната Клаудија ја открија модните агенти во еден ноќен клуб во Дизелдорф и наскоро стана една од најбараните супермодели. Триесет години подоцна, за британката Ел, таа погледна назад во завидната кариера и откри до сега непозната пикантност со нејзиниот живот.


‘Беше лудо време! Живеев како рок sвезда. Ме чуваа телохранители на секоја ревија. Не само јас, туку и облеката, дури и долната облека – градници и гаќички. Секој пат кога ќе излезев на пистата и ќе се вратев, моите работи ги немаше, сè ќе беше исчезнато. Затоа мојата долна облека мораше да има свои чувари “, рече 50-годишната Шифер. Денес таа е среќна сопруга на режисерот Метју Вон и мајка на 17-годишниот син Каспер, 15-годишната ќерка Клементин и 9-годишната Косима.

escort - Korsan taksi