Среќната Џенифер не можеше да ги задржи солзите – ќе биде кума на детето на славиот пар!

12 јули, 20200
jenifer aniston

Поп-ѕвездата, 35-годишната Кети Пери и нејзиниот свршеник, 43-годишниот актер Орландо Блум, го очекуваат своето прво дете.

На врвот на списокот на потенцијални кумови на нивното дете се најде и Џенифер Анистон, а славната 51-годишна актерка со задоволство ја прифати понудата.

Близок извор откри за The Sun дека Џенифер не можела да ги сопре солзите кога популарниот пар ја прашал дали сака да биде кума.

Џенифер, наводно, и давала голема емотивна поддршка на Кети за време на бременоста и покажала голема приврзаност кон бебето на Кети.

Пејачката и актерката се многу блиски, вели изворот, а за време на карантинот поминале многу време пешачејќи, одржувајќи социјална дистанца.Улогата на кума на крштевањето не е ново за познатата актерка, таа исто така и беше кума на ќерката на нејзината колешка од „Пријатели“ Кортни Кокс, денес 16-годишната Коко.

Кети и Џенифер се дружат скоро една деценија, а во една фаза од љубовниот дел од животот тие беа дури и ривали.

Џенифер кратко излегуваше со музичарот Џон Мајер во 2008 година, со кого Кети беше во нестабилна љубовна врска од 2012 до 2014 година. Кружеа гласини дека музичката двојка, кои снимиле заедничка песна „Who You Love “ во 2013 година, биле свршени, но тие гласини никогаш не биле потврдени.

Кети го запозна својот сегашен вереник Орландо Блум во јануари 2016 година на доделувањето на наградите Златен глобус на афтер парти, и наскоро тие започнаа да излегуваат.

Во април 2107 година, тие раскинаа, но љубовта беше посилна, па затоа ја обновија по една година.

Орландо и предложи брак на Кети на Денот на вљубените минатата година, после снимањето на American Idol во Лос Анџелес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi