ТАА КРИЕШЕ ДЕКА Е ОМАЖЕНА, НО И НЕШТО ПОГОЛЕМА! Папапраци ја фотографираа убавата ОСКАРОВКА – и нејзиниот труднички стомак (ФОТО)

6 октомври, 2020
ема3

Актерката Ема Стоун, според странските медиуми, се омажила, но и – таа е бремена!
Откако стана познато за нејзината свршувачка, логично беше наскоро да следи свадба. Сепак, таа не се огласи понатаму по тој повод, и сега е откриено што сè се случило убаво во меѓувреме во нејзиниот живот!

Добитничката на Оскар папараците ја фотографираа додека шеташе со нејзиниот партнер Дејв Мекери, а под широките комбинезони се гледа трудничко стомаче.
Покрај тоа, Ема и Дејв носат венчални прстени, а останува да видиме кога јавно ќе објават дека нивното мало семејство ќе биде зголемено со нов член!


Двајцата првпат се појавија во јавноста заедно во 2017 година, а актерката минатата година во едно интервју откри дека е подготвена да основа семејство.

– Колку постара станувам, толку повеќе се менува мојата перспектива, особено кога станува збор за децата. Никогаш не се грижев за нечии деца и немав контакт со бебиња, па во тинејџерските години велев дека никогаш нема да се омажам и да родам – ​​рече тогаш.

escort - Korsan taksi