Таа се најде во неговите прегратки само еден ден по разводот од познатата партнерка, а сега случајно го откри вереничкиот прстен

21 август, 2020
esli

Ешли Бенсон две години беше во прегратките на Кара Делевињ, а неколку дена по разводот се дозна дека таа го љуби раперот Џи-Изи.

Ѕвездата на серијалот „Слатки мали лажговци“, актерката Ешли Бенсон се разведе со својата долгогодишна партнерка Кара Делевињ пред неколку месеци, а само неколку дена подоцна се најде во прегратките на раперот Џи-Изи. Актерката сега предизвика гласини дека отиде чекор понапред во врската со раперот и се вериле.

Папараците ги фотографирале во Лос Анџелес, а Ешли имала прстен на раката. 30-годишната актерка и 31-годишниот рапер модно си одговараа, а двајцата беа облечени во бели маици и црни пантолони. Тие не беа воодушевени што ги следат папараците, а подоцна на вечерата им се придружија пријателите. Ешли и Кара ја започнаа својата врска пред две години, а една година подоцна застанаа пред олтарот. Тие се разведоа по само една година, но тие имаат само убави зборови една за друга.

Со музичарот кој сега е нејзин дечко, се „сплетка“ додека работеа заедно на преработката на песната „Creep“. Тие не кажаа колку долго биле во врска, но јасно е дека уживаат еден со друг.