Тој и предложи брак откако нејзината пријателка роди негово дете

22 јуни, 20200
b

Ени Килнер, девојката на 30-годишниот дефанзивец на ФК Манчестер Сити – Кајл Вокер,  ги откри деталите за прељубата на нејзиното момче со нејзината пријателка Лорин Гудман, која роди негово дете пред два месеци, пишува “The Sun”. Тоа не е се, Кајл ја изневеруваше со голем број жени, но она што ја шокираше јавноста беше кога фудбалерот се реши да и предложи брак на Ени! Тој го украсил ходникот со бели рози и свеќи за да ја изненади жената којашто му родила три сина, па клекнал пред неа и го поставил судбоносно прашање со прстен од 250.000 фунти што тој самиот го дизајнираше.

Британските медиуми веќе некое време пишуваат за низа негови прељуби и афери, како и организирање на оргии за време на карантин и слични „излети“. Ени го исфрлила од заедничкиот стан, кој вреди околу 50 милиони фунти, но сепак одлучила да му даде уште една шанса.

Kyle Walker

Кајл и соопштил за бебето само неколку месеци пред нејзината пријателка да се породи. Од гнев, Ени им раскажала се новинарите на “The Sun”, признавајќи дека таа сè уште го сака и покрај тоа што и го повредил срцето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi