Тужба против Кендал Џенер: Која е причината што манекенката ќе се „олесни“ за 150.000 долари?

7 мај, 20200
кендал

Случајот е сличен на многу други постапки кои се започнати поради објавувања на социјалните медиуми.

Кендал Џенер, американскиот супермодел и реалити ѕвезда, се соочува со тужба за објавување на видео на Инстаграм од девет секунди од себе, пренесува „The Blast“.

Според документите од федералниот суд добиени од веб-страницата што се занимава со познати личности, фотографката од Њујорк, Анџела Ма, ја тужи 24-годишната ѕвезда за прекршување на авторските права.


Ма рече дека ја снимала Џенер додека била во посета на Њујорк. Потоа видеото го регистрирала во Американската канцеларија за авторски права. Таа ја обвинува Џенер дека објавила видео на Инстаграм на 13 септември 2019 година без да добие дозвола или дури и да го извести сопственикот на авторските права.

Тужителот тврди дека вредноста на делото, што е видено скоро 23 милиони пати, се намалила кога манекенката ја споделила бесплатно со нејзините 128 милиони следбеници на Инстаграм.

Во моментов таа бара 150.000 американски долари отштета за штетата што што ја предизвика Џенер.

Џенер не е првата славна личност што е тужена за објави на Инстаграм. Актерката Ребел Вилсон неодамна се олесни за 150.000 американски долари во судска постапка за фотографија на Инстаграм, пренесува The Blast.

View this post on Instagram

bye nyc 🚀

A post shared by Kendall (@kendalljenner) on

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi